Ирена Цветковиќ, Извршна директорка на Коалиција Маргини, докторка во областа на родовите студии и истражувачка, во новото издание на Утрински брифинг / Utrinski brifing заедно со Александра Бубевска, зборуваше за потенцијалот на образованието во реформирањето на дискриминаторските и сексистичките ставови кај младите:
„Образованието е клучен фактор и игра клучна улога во реформирањето на ставовите. (…) Во учебниците имаме апсолутна доминантна застапеност на мажи, имаме радикална репрезентација на жени во традиционалните улоги, имаме комплетно пренабрегнување на родовата перспектива и секако, прекажување на светот низ едни розови очила коишто ги прават младите неспремни да се соочат со реалноста, односно има едно прескокнување на непријатни теми, како што се: насилството, шовинизмот, сексизмот, хомофобијата, расизмот, трансфобијата итн. Сето тоа резултира со еден доминантен став на одобрување на насилството, особено кога е тоа насочено кон жени и многу често обвинување на жртвите.“