ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ
Искажаниот збор може да направи голема штета и да предизвика тешки последици по психичкото здравје, особено кај младите.
Затоа не останувај нем на родово-засновано насилство, кога било, каде било. Знаеш ти подобро!
Видео гостување на Славчо Димитров за Утрински брифинг
На 03.11.2020 (вторник) Славчо Димитров од Коалиција Маргини имаше видео гостување во емисијата Утрински брифинг, во која говореше за родовите нееднаквости во здравјето и животните перспективи кај адолесцентите, споделувајќи податоци од последната HBSCM студија.
„Она што најмногу загрижува е дека патријахалната култура во Македонија и родовите нееднаквости болат и во континуитет ги повредуваат младите. Она што младите го гледаат во своето семејство како родови обрасци и модели, она што го сведочат во медиумите, помеѓу нивните врсници и го усвојуваат како модел на однесување преку кој се справуваат со своите секојдневни проблеми и предизвици во една исклучително ранлива формативна возраст, е всушност е моделот кој и самите го применуваат во сопственото однесување, со врсниците, како себе си се перцепираат и воопшто какво е нивното ментално здравје и како се справуваат со менталните проблеми.” – вели Димитров за Утрински брифинг.
Погледнете го целото видео гостување.
Студијата, заедно со интегралните резултати и анализа, авторство на Лина Ќостарова Унковска може да се преземе тука или да се погледне на следниот линк:
Мила Царовска, Министерката за образование и наука со поддршка за кампањата против родово-засновано насилство
„Образованието е еден од главните механизми за промена на стереотипните размислувања, искоренување на родовата нееднаквост и дискриминацијата – најчестите причинители за насилство меѓу младите. Ние сме цврсто решени да го искоренеме родово заснованото насилство во училиштата – институциите кои ги формираат идните генерации. Училиштето мора да е место во кое нашите најмлади ќе се чувстуваат безбедни и без страв ќе можат да го достигнат својот потенцијал. Им порачувам на сите деца да не молчат, секогаш кога имаат проблем да побараат помош. Заедно да се избориме против насилството!“ – Мила Царовска, Министерка за образование и наука
Погледнете го целото видео.
Постираш, лајкнуваш, препраќаш, без да обрнеш премногу внимание.
Но, ако добро размислиш, сè што правиш може целосно да влијае врз нечија самодоверба. Твоите коментари може да променат нечиј живот, на полошо или подобро.
Затоа, биди доволно свесен за да ги корегираш
ЗНАЕШ ТИ ПОДОБРО!
Погледнете го целото видео.
Луѓето на кои им оставаш коментари се вистински и имаат чувства кои постојат во реалноста. Можеби тебе ти се потребни 2 секунди да напишеш, но на некој му е потребен цел живот за да преброди.
ЗНАЕШ ТИ ПОДОБРО!
Погледнете го целото видео.
Во свет полн со критика, биди човек кој не осудува. Социјалните медиуми се простор за слободна експресија и затоа искористи ги за поддршка на оние околу тебе.
ЗНАЕШ ТИ ПОДОБРО!
Погледнете го целото видео.